Модно жири:Познатите на осма сезона од FWSK- втор дел

9 ноември 2013

Изминатата недела ги читавте коментарите за изгледот на дел од  познатите личности што присуствуваа на осмата сезона од Модниот Викенд Скопје, а бидејќи низ галериите од фотографии можеше да се селектираат повеќе изгледи, овој пат во вториот дел од модното жири ги читате видувањата на дизајнерски тим, кој со вас споделува како позитивни така и негативни коментари околу стајлингот на нашите јавни личности.

Водителката Хелена Роза на ревијата на дизајнерката Ирина Тoшева пристигна со својата ќерка Кјара, а како клиенти на дизајнерката што претставуваше колекција,  освен со присуството, ја испочитуваа  и со тоа што се појавија во нејзини креации. Хелена секогаш го истакнува својот сексапил, па така и овој пат се одлучила за кратко карирано здолниште со тул, бела памучна маичка и мото јакна. Очигледно, сакала да остави впечаток дека се ускладени во стајлингот со ќерката, но сепак наше видување е дека можела да ја заобиколи розовата боја и бледата шминка, кои доколу не биле присутни таа би изгледала позрело во однос на изборот на парчињта. На сметка на Кјара одат само повални зборови.

Водителот пак Димитар Атанасовски иако ги избрал вистинските парчиња за присуство на овој настан, на фотографијата изгледа дека на себе ги има премногу. Доколу пуловерот бил бил закопчан до последното копче, тој би изгледал поуредно, а во однос на палтото можел да облече некое со помалку истакнат спортски крој.

И стилистот Сретен Костиќ се одлучил за спортско класична варијанта која одлично му прилега. Изборот на панталони во јака црвена боја остава  впечаток дека тој „игра“ храбро кога станува збор за комбинација. Единствено, ни недостига некој суптилен аксесоар како часовник, марама или пак некоја специфична машка чанта.

Со оглед на крупната линија на пејачката Бојана Атанасовска, требало да ја избегне најпрво белата боја која визуелно ја прави уште покрупна, како и елекот во истата боја кој дефинитивно не требало да го облече врз белиот фустан, кој ако бил црн, комбинацијата би била успешна. Црно-белите парчиња се во тренд, но сигурно не во ваков спој.

Основата од  комбинацијата на водителката Мелита е сочинета од пастелна и црна боја на  пенкало здолниште и краток топ. Грешката е во изборот е палтото кое воопшто не соодветствува, како со кројот така и со дезенот. Комбинацијата би била префинета ако на себе имала класично црно сако или мантил, а чантата можела да биде во поголема варијанта на плик, само не лакирана и како паричник.

Пејачката Верица Пандиловка е вистинска модна дама, како и нејзиниот споруг, кои на прв поглед оставаат впечаток на софистицирана, елегантна и отмена двојка. Во нивниот стајлинг нема маана, а Верче изгледа уште поубаво поради очигледната разлика во килограмите од порано. Винтиџ чантата е посебен момент што укажува на посветеното внимание околу изборот на аксесоари.

Објавено:
9 ноември 2013
Категорија: 
Сцена