Како што веќе ве информиравме, главниот град Скопје си доби свој Аква парк во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На свеченоста освен владините претставници присуствуваа и познати личности, дел од нив имаа своја улога на бината, додека други дојдоа да го видат и пробаат објектот. Поп пејачката Ребека ја испеа химната на Македонија, додека водителот Дамјан Дренковски ја водеше програмата. Освен тие околу сцената пред нашиот фото апарат позираа и Хелена Роза и незината ќерка Кјара. Во продолжение Fashionel ги коментира изгледите на гореспоменатите.
Водителот е секогаш препознатлив по својот класично-спортски стил на облекување. Дамјан и овојпат на себе има добитна комбинација од летен тренди колорит на бела,тегет и светло сина боја. Очилата и ременот одлично соодвестуваат како аксесоари, единствено можел само да го остави откопчано копчето на сакото за да се чувствува и изгледа по опуштено.
Поп пејачката Ребека секогаш умее да ја избере вистинската комбинација, па така и за оваа свечена прилика таа иако е во блажена состојба успеала да направи интересен летен спој преку кој изгледа модерно, софистицирано и пристојно за една трудница на ваков настан. Таа секогаш сака да ги истакнува нозете па оттука не е грешка што облекла високи потпетици за оваа официјалност.
Директорот Капушевски го испочитувал дрес кодот кога станува збор за свечено отварање заедно со владини претставници.Костимот во темно сива боја одговара со белата кошула под сакото, единствено можел да стави на себе некој интересен детаљ како аксесоар кој би ра разбил едноличноста .
Ќерката на Хелена Роза, Кјара се одлучила за комбинација коjа одговара на нејзината возраст и приликата. Таа смело ги носи кратките панталончиња што одлично ги искомбинирала со интензивна портокалова боја на маичка и жолти старки. Доколку имала на себе некој интересен впечатлив ѓердан дополнително би ја разведрила комбинацијата.
Хелена на себе има интересен летен фустан со интензиви бои на пруги, од нејзината комбинација се гледа дека сакала да постигне лежерен ефект. Торбата на нејзиното рамо дава до знаење дека тргнала со потребните реквизити за на базен, едностабно розевите сандали со високи потпетоци можела да ги замени со ниски балетанки или сандалки кои би допринеле за комфорност.