Мухамед Енуз за модното списание Гензо Магазин

31 јануари 2023

Минатата година беше вистински моден бум за нашиот модел Мухамед Енуз, кој успешно ја заокружи со едиторијалот за модното списание Гензо.

Енуз, кој е интернационален модел, има работено за повеќе светски брендови како Balmain, Moncler, а беше дел и од кампањата за новиот парфем на дизајнерот Јони Пеци .

Уникатен, харизматичен и моден според сите стандарди, тој едноставно припаѓа на светскиот моделинг.

Неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент во соработка со Фокс Моделс од Белград, минатата сезона го пласираа во Милано.

За сезоната која доаѓа агенциите ги разгледуваат најдобрите опции за пласман на нашиот моден убавец.

Објавено:
31 јануари 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
249 пати