Најдобриот дел од тоа што сум Аквамен е што можам да ги направам децата среќни

22 јануари 2020

Џејсон Момоа го знаевме и пред „Аквамен“, но после оваа улога им стана омилен актер и на децата. Во моментов снима нов филм за „Нетфликс“, но успеа да усреќи и неколку дечиња.

Тој ја посети болницата во Питсбург каде неколку негови нови пријателчиња беа исклучително радосни што го гледаат Аквамен.

„Најдобриот дел од тоа да се биде Аквамен е што можам да ги направам децата среќни. Имав малку време пред работа и поминав до болницата во Питсбург, каде запознав многу храбри деца. Џошуа и јас се обложивме дека ако ме победи во буткање со рацете, ќе го добие мојот тризабец. Бидете силни “, напиша актерот на Инстаграм профилот, споделувајќи неколку фотографии од дружбата со болните дечиња и нивните семејства. 

Актерот исто така, сподели и видео од нивната борба со раце.

„Ако победиш, доаѓаш на снимањето на „Аквамен 2“. Ако победам јас, пак ти доаѓаш на сет“, му рече Џејсон пред да го започнат буткањето со раце. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies) onJan 20, 2020 at 7:12am PST

 Момоа се пошегува дека неговите мускули се лажни, додека оние на Џошуа се далеку посилни.

Инаку, Џејсон престојува во Питсбург поради снимањето на новиот филм на „Нетфликс“, „Слатка девојка“, во која глуми сопрг и татко кој бара правда откако неговата жена ќе почине. Актерот е воедно и продуцент на филмот, кој ќе биде под режисерска палка на Брајан Ендрју Мендоза, што воедно ќе биде и негово режисерско деби.

 

Објавено:
22 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
967 пати