Твитер го нападна Џејсон Момоа поради вишокот килограми

10 јули 2019

Еден од омилените актери на денешницата и можеби најзгодните момци што се појавиле во Холивуд, Џејсон Момоа, во моментов одмара во Италија заедно со сопругата Лиса Бонет, па очекувано беше да се појават и првите фотографии.

ny_daily

На една од фотографиите, актерот е без маица, па сите оние што очекуваа сериозни мускули, го нападнаа со негативни коментари на социјалните мрежи.

Некои од коментарите гласеа дека заборавиле да му ги фотошопираат мускулите, други дека има тело како татко, трети дека се здебелил и уште многу слични.

us weekly

Обожавателите на актерот веднаш „влетаа“ во негова одбрана, па така многумина ќе кажат дека и тој може малку да одмори од сите улоги, дека не мора секогаш да е совршен, дека воопшто не качил килограми и дека не мора да биде Аквамен и во реалниот живот.

Сличен случај имаше и со актерот Хенри Кавил кој ја толкуваше улогата на Супермен, кога група луѓе на Интернет го нападнаа дека воопшто не личи на херојот во вистинскиот живот.

popsugar

„Секако дека ти е важно кога читаш такви работи за тебе по форуми. Читаш добри коментари и си велиш колку е тоа супер, но има и лоши. Во тие моменти си мислиш како може да постојат такви луѓе, се разочаруваш и го менуваш расположението, а тоа не е добро“, изјави пред некое време актерот.

Ние го обожаваме актерот во секое издание, како вам ви се допаѓа?

Инфо: Bored Panda, Us Weekly

Објавено:
10 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.364 пати