Најдобрите зимски стајлинзи на омилените ѕвезди!

16 јануари 2015

Светските ѕвезди се чини дека немаат никаков проблем со студот. Тие воопшто не се кријат во нивните луксузни домови, туку постојано излегуваат на прошетки со нивното семејство или пак домашни миленичиња.

За време на тие прошетки,  секогаш се стилски, комбинирајќи ги ИТ парчињата на сезоната, и  додавајќи им по малку од нивниот шарм.

Џесика Алба Џесика Алба

Една од нашите омилени водечки ѕвезди е секогаш шармантната Сиена Милер која се чини дека никогаш во животот не греши со комбинациите. Без разлика за каква пригода се работи, таа секогаш знае да наметне некој тренд.

Последна од нашите омилени зимски комбинации на актерката, е токму онаа во продолжение, каде можеме да ја видиме во едноставни црни панталони комбинирани со ИТ јакната на сезоната, чизмички до глужд во кафена боја и шик- модни додатоци како волуменозната  чанта во „цигла“ боја и зимско капче со принт.

Сиена Милер Сиена Милер

Подеднакво тренди е руската трендсетерка Мирослава Дума која оваа зима реши на пиедестал да ги стави колоритните парчиња. Таа на најдобар начин го носи колоритниот капут што е доволен да се издвоите од толпата, а доколку пак истиот го комбинирате со капче во јака боја како во нејзиниот случај, тогаш верувајте дека ја имате комбинацијата на зимата!

Мирослава Дума Мирослава Дума

Трета, но не помалку важна на листата се најде и секогаш прекрасната Оливија Палермо која за ова појавување одбра здолниште во А – крој со висок струк и интересен принт, што го комбинираше со едноставна блузичка во боја на вино, кожени чизми во црвена боја и плик чантичка. Целиот стајлинг го украси и со колоритно крзно околу вратот со што уште еднаш докажа дека оваа зима, таа е кралица на крзното!

Оливија Палермо Оливија Палермо

Во продолжение во галеријата, погледнете уште некои од најдобрите стајлинзи на светските ѕвезди кои постојано нѐ воодушевуваат и се непресушна инспирација.

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Сцена