Сигурно ќе се согласите: најважно кај облеката е личноста која ја носи! Едноставно парче облека може да изгледа отмено ако жената што го носи на себе има добри манири, воспитување, став...
Како пример ќе ја посочиме шпанската кралица Летиција, која не се двоуми на себе да облече парче облека и од „high street" брендови, доколку смета дека е соодветно за неа и приликата во која ја носи.
Таа во многу наврати до сега направила такви успешни комбинации, а во тој контекст неодамна во јавноста се појави во милитари комбинезон, во маслинесто зелена боја со потпис на шпанскиот гигант Манго.
Со едно парче облека, кралицата Летиција има комплетен стајлинг што не чини „цело богатство", а може да послужи како инспирација за жените кои го преферираат овој стил. Истовремено, овој аутфит е соодветен и како деловен изглед и како неформална варијанта.
Фото: Getty images