Наталија Водјанова го очекува првото дете со нејзиниот партнер Антоан Арнолт

6 ноември 2013

Прекрасниот руски модел Наталија Водјанова, мајка на три деца, го очекува нејзиното прво дете со партнерот Антоан Арнолт. Иако нејзиното најстаро дете веќе има 11 години, 31 – годишната манекенка не запира тука.

Заштитното лице на козметичката куќа Гуерлан, веста за нејзината бременост ја објави на профилот на Фејсбук.

Покрај веста, таа објави и дека нејзиното семејство е многу возбудено поради таквите новости и едвај чекаат да му посакаат добредојде на новиот член на семејството. Прекрасната манекенка своето бебенце го очекува во Мај 2014.

Покрај нејзиното 11 – годишно детенце, Наталија ги има и Нева, седум, и Виктор, шест од нејзиниот брак со Џастин Портман. Манекенката се омажи за Портман на 19 години, а тие се разделија 10 години подоцна.

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Сцена