По повод новогодишните и божиќни празници, пристигнаа и официјалните портрети од британското кралско семејство, но и од Белата куќа.
Вилијам и Кејт со децата се одлучија за едноставна фотографија на бела позадина. Семејството е стилизирано складно, во пастелно сини нијанси.
Војвотката од Кембриџ, која е бремена со третото дете, се одлучи за дводелен комплет од волна од Кетрин Волкер со која често соработува.
Претходно беше објавен и портретот на кралицата Елизабета Втора, како и на Камила и Чарлс, заедно со нивните картички.
Од друга страна, од Трампови се одлучија за портрет во рамки на белата куќа. Тие се одлучија за свечена црна варијанта.
Меланија носи фустан без ракави со апликации од украсни камчиња од модната куќа „Делпозо“ во комбинација со црни класични салонки.
Заедно со портретот беа објавени и картичките со честитка.
Чиј портрет ви се допаѓа повеќе?