Оливија Вајлд: Јас сум мајка и изгледам така

2 април 2015

Актерката Оливија Вајлд откако минатата година стана мајка, целосно е посветена на оваа најзначајна животна улога. Токму на таа тема разговара и во интервјуто за магазинот Shape чија насловница за април ја краси убавата холивудска актерка.

Вајлд отворено зборува за мајчинството и за тоа дека сега нејзиното тело е понежно од било кога до сега, но го пренесува и своето реално искуство дека враќањето во форма по пораѓањето воопшто не е едноставен процес.

„Во фотографиите за магазините, секогаш се селектираат оние кадри кои ме покажуваат во најдобро светло. Вистината е: јас сум мајка и токму така и изгледам“, вели Вајлд во интервјуто.

Рационално гледајќи на мајчинството, Вајлд во разговорот за магазинот кажува дека таа верува во свет во кој вежбањето за добра телесна форма не е позначајно и од умствените вежби.

Очигледно дека таа внимава на секој аспект, и на физичкиот, но и на менталниот, како пример за една комплетна жена-мајка.

Објавено:
2 април 2015
Категорија: 
Сцена