Ова е најомилената баба на светот: На Инстаграм има половина милион следбеници!

26 април 2014

Осумдесетгодишната Бети Џо Симпсон од Џеферсонвил, Индијана, воопшто не е како сите други баби. Нејзиниот живот го одбележале три посвоени деца, неколку внуци, а сега во центарот на сето внимание е нејзиниот профил на Инстаграм каде има преку половина милион следбеници и фанови.

Токму на нејзиниот Инстаграм профил преку неверојатно позитивните фотографии можете да го забележите нејзиниот огромен ентузијазам за животот, кој и покрај ракот таа не планира да го напушти.

„Животот се состои во тоа да ги правите другите среќни и не постои друг начин на живеење“, порачува Бети.

Шармантната Бети своето детство го поминала во црква каде научила колку великодушноста е важна во животот. Таа посвоила три деца за кои се грижела како да се нејзини биолошки.

За да успее, Бети работела 12 часа дневно. Се пензионирала кога го добила првиот внук Зек, бидејќи неговите родители биле многу зафатени и таа морала целосно да му се посвети на внукот.

Она што и бил дополнителен удар во животот на Бети, била смртта на нејзиниот сопруг во 2006 – та година, а пет години подоцна починала и нивната ќерка Били.

Пред точно една година, на Бети и бил дијагностициран рак. Меѓутоа, таа воопшто не се вознемирила и не престанала да биде позитивна како и секогаш. Таа дури и смислила интересен начин да се избори со болеста. Со помош на внуците, отворила профил на Инстаграм на кој постојано постира фотографии преку кои покажува колку го сака животот.

Со тие фотографии таа постојано ги одушевува нејзините половина милион следбеници. Овој број фанови, таа ги собрала за неполни три месеци.

Нејзините обожаватели покренаа и хуманитарна акција за да соберат лекови за неа.

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Сцена