Ова се најмодерните „играчи“ од светските модни медиуми

16 октомври 2013

Не многу одамна, медиумите се сметаа за црна дупка во модата. Но, во ера на дигитални медиуми и 24/7 известување за сите новини, инволвираните во уредничкиот и новинарскиот дел, во денешно време комплетно ја изменија таа слика. Од оваа содржина ќе ги запознаете едни од највлијателните имиња во медиумите, од оние на старата школа па се до помладите кои преку својот импресивен личен стил и даваат на модната индустрија посебен стилски печат.  Низ галеријата ќе ги сретнете и Ана Винтур и Мирослава Дума без кои не би поминал овој текст, а меѓу нив ќе ги запознаете стилските поеднинци  од најпознатите медиуми што можеби досега не сте ги виделе, а имаат огромно влијание како кон модната публика така и директно врз модата.

 

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Сцена