Парфемите на Бијонсе се нејпродавани

12 август 2013

Бијонсе за себе вели дека е префекционист кој дава се од себе што и да работи, било да се во прашење песни, настапи, глума,  видео спотови, концерти или парфеми со нејзиниот потпис. Според извештаите за продажбата на парфемите на „Кралицата Б“, сега може да додаде уште една награда на својата листа достигнувања.

Мирисната нота „Heat“ е прогласена за линија најпродавани парфеми со потпис од светски позната личност на сите времиња. Ниту една друга позната личност не продала толку парфеми како Бијонсе.

Нејзините парфеми: Heat, Heat Rush, Midnight Heat, Pulse, Pulse NYC и Pulse Summer Edition  се продадени во неколку милиони примероци ширум светот.

Објавено:
12 август 2013
Категорија: 
Сцена