Како да одберете идеален парфем за секоја прилика?

19 ноември 2013

 

Некои парфеми не прават да бидеме зависни од нив, а од некои едноставни се чувствуваме непријатно. Исто така, докажано е дека парфемот има големо влијание во привлекувањето на други луѓе.

Цветни мириси

Овој вид парфеми се меѓу најомилените токму поради благата нота која е одлична за секоја прилика, особено кога сте романтично расположени.  Некои од најпознатите цветни парфеми се:  „Chanel 5", „Daisy", „Light Blue" и „Dolce & Gabbana"

Цитрусни мириси

Станува збор за парфеми кои се мешавина од портокал, лимон и други цитрусни ароми. Препорачливи се за дневна употреба, а доколку се пронајдовте во оваа група сигурно ги обожавате парфемите: „Eau De Cartier" или „CK One Summer" .

Овошни парфеми

Овој вид парфеми се омилени кај жените кои се постојано во движење, па токму поради тоа се препорачуваат при одење на забава со пријатели. Најчести ароми кои преовладуваат се од праска, манго или јаболка, а како најпознати од оваа група се: „Cherry In The Air" или „Ralph Wild"

Ориентални парфеми

Имаат силна мирисна нота, раскошни се и потсетуваат на богатство и егзотичниот Ориент. Токму поради тоа што се интензивни се препорачуваат за вечерни излегувања. Доколку сте фан на ориенталните парфеми, ние ви ги препорачуваме: „Hypnotic Poison", „Alien" , „Violet Angel", „Obsession" и „Euphoria“.

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
парферми мириси