Француското издание на магазинот „Вог“ викендов го прослави 95-от роденден. Тајмингот не можеше да биде подобар, со оглед на тоа дека во тек е и модната недела во Париз.
Тоа беше само уште еден повод на оваа роденденска забава да се појават голем број познати лица од светот на модата, но и од шоу-бизнисот.
После американската, британската, шпанската и италијанската верзија, во 1920-тата на сцената се појави и француското издание. За време на 95-от роденден, магазинот смени дури 10 главни уредници, меѓу кои и Карин Ројтфелд (уредник од 2001 до 2010 година), која се појави на забавата.
Како што можете да видите и во галеријата, меѓу присутните беа и Ријана, Канје Вест, Ана дел Русо, Крис Џенер и многу други...