•
17 септември 2022
Пенелопе Круз вчера на премиерата на нејзиниот нов филм „On The Fringe" на филмскиот фестивал Сан Себастијан се појави во неочекувано издание, кое се покажа како полн погодок.
48-годишната шпанска актерка облече џинс и прикажа како ова култно модно парче може да добие елегантна димензија кога соодветно ќе се искомбинира и што е уште поважно, кога ќе се одбере вистинскиот модел кој складно прилега на фигурата.
Се работи за џинс со геометриски принт на темна основа од актуелната колекција на Шанел. Комбиниран е со црна кошула, високи потпетици и накит без кој веројатно оваа комбинација не би го постигнала максималниот ефект.
Фото: Инстаграм