Прекрасната Венеција вчеравечер беше местото каде што се собра холивудскиот џет – сет во чест на пробната венчавка на шармерот Џорџ Клуни и неговата идна сопруга Амал Аламудин.
Британската адвокатка блесна во волшебен црвен фустан со црни детали и интензивна шминка со нагласен црвен кармин, додека 53 – годишниот Клуни изгледаше неверојатно елегантно во црн костим комбиниран со бела кошула.
По завршувањето на одделните забави, Џорџ и Амал се сретнаа во прекрасниот Belmond Cipriani хотел каде ги чекаа такси – бродчињата.
Амал на забавата пристигна со нејзината мајка Бариа, сестрата Тала и бројни женски членови на нејзиното семејство, како и многу од нејзините пријателки кои изгледаа беспрекорно.
На едно од бродчињата, холивудскиот шармер ја пречека својата идна сопруга со многу од неговите пријатели меѓу кои и актерот Мет Дејмон, сопругот на Синди Крафорд, Ренд Гербер и група негови пријатели кои уживаа со чаша пијалок додека го чекаа женското засилување.
На забавата на младенците присуствуваше и нивната пријателка Ана Винтур, која овојпат се одлучи за темно син фустан со бело – розов принт комбиниран со црвено палто со темно зелено крзно.
Според досегашните информации, Џорџ и неговата свршеница Амал, ќе го кажат суддоносното „Да“ овој понеделник во палатата Ca’Farsetti која датира од 16 – тиот век.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите од забавата и од нивната прошетка низ Венеција овој петок.