Принцот Џорџ со својот сладок стајлинг ги освои срцата на многумина, откако вчеравечер се појави во палатата Кенсигтон да ги поздрави американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Американската двојка пристигна со приватен авион во палатата на неформална вечера со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, откако претходно се сретна и со кралицата Елизабета.

Малиот принц Џорџ беше тој кој предизвика најголемо внимание на вечерата со Обама, облечен во слатки пижами и наметка со неговите иницијали.

Како што изјавија неговите родители, тој сакал да се сретне со претседателот па тие му дозволиле да ги види само неколку минути пред неговото време за спиење.

На фотографиите објавени од официјалниот фотограф на кралската двојка, може да се види принцот Џорџ како си игра со дрвеното коњче кое претседателската двојка му го подарила кога тој се родил.

Ова е прв пат принцот Вилијам и Кејт сами да ја угостат американската двојка во палатата Кенсингтон, овој пат единствено во друштво на принцот Хари.

Како и секогаш, и двете дами изгледаа прекрасно во внимателно одбраните стајлинзи, секогаш со совршена шминка и фризура.

За неформалната вечера, војвотката Кејт се одлучи за фустан од британскиот бренд L.K Bennett изработен од нежен материјал во сина и црвена боја.

Сосема спротивно, прекрасната Мишел повторно направи совршен избор кога е стајлингот во прашање и се појави во елегантна комбинација во нежна крем боја составена од едноставно џемперче од кашмир и тантелно здолниште до под колената.

Со оглед на лошото и врнежливо време, првата дама комбинацијата ја надополни со палто во малку потемна боја.

Принцот Вилијам, претседателот Обама и принцот Хари се одлучија за лежерни стајлинзи со костими, но овојпат без вратоврски и било какви додатоци.

Во галеријата погоре, погледнете ги фотографиите од принцот Џорџ и средбата на Обама со кралското семејство.

Објавено:
23 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.578 пати