Првата дама Елизабета Ѓoргиевска во пурпурно виолетова креација на „Охридско Лето“
•
6 август 2020
На отворањето на јубилејното 60 издание на Охридско Лето, присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
Првата дама се појави во долг лелеав фустан во пурпурна виолетова нијанса, како асоцијација на длабоките нијанси на езерото после полноќ.
Фустанот е обмислен како силуета во два слоја, со асиметрично поставени фалти во горниот дел.
Зад дизајнот се потпишува македонската дизајнерка Лидија Георгиева, чија инспирација била античкиот театар во Охрид и која како вели, направила спој на елеганцијата и модерната класика.
За потсетување, на отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје „Св Софија", како и Црквата „Св. Софија" од 4 до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји.