Првата дама на Хрватска не ја воодушеви тамошната јавност со креацијата на инаугурацијата

19 февруари 2020

Хрватска има нов претседател, Зоран Милановиќ, а вчера се случи и инаугурацијата. Колинда Грабар - Китароивиќ, за последен пат се поздрави со воената гарда и официјално му ја предаде функцијата на својот наследник.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Večernji list (@vecernji.list) onFeb 18, 2020 at 6:04am PST

 Покрај изгледот на Колинда, која и покрај неколкуте блескави појавувања, овој пат не го направи најдобриот избор, јавноста ја интересираше во што ќе се појави новата прва дама, Сања Мусиќ Милановиќ.

Според коментарите на модните стручњаци во Хрватска, коментарите на социјалните мрежи, доминира впечатокот дека првата дама одбрала минималистичка, но невпечатлива креација. 

фото: facebook.com/ ZoranMilanovic

Со оглед на тоа дека Сања на хрватската јавност ѝ е позната како дама со оформен моден вкус, очекувањата на тамошниот народ биле поголеми.

Фустанот, кој има лежерен крој, благ V-израз и врзвување околу половината, е од хрватскиот бренд „Вартекс“, а дизајнот го потпишува хрватската дизајнерка Мартина Врдољак.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Varteks (@varteks.fashion) onFeb 18, 2020 at 4:15am PST

 Од друга страна, има и такви што сметаат дека креацијата во пастелно розова нијанса е совршен избор, бидејќи е ненаметлива и женствена и далеку подобар избор од она што Колинда Грабар го понуди како стајлинг.

Имено, Колинда се појави во креација во црно-бела нијанса, каде горниот дел ја истакнува фигурата, додека здолништето е пошироко, но асиметрично (напред пократко, назад подолго). Но, мора да се признае дека комбинацијата во која се појави поранешната хрватска претседателска не ѝ ласка премногу на сегашната линија. Деталите во горниот дел ја прават уште поширока.

фото: youtube.com/printscreen

За разлика од неа, Сања Милановиќ одбра лежерно издание и модел кој може да се најде за повеќе пригоди.

Факт е дека фустаните на врзување во пределот на половината ѝ ласкаат на женската фигура и се мошне застапени и на светската модна сцена, па госпоѓата Милановиќ одбрала фустан кој е во склад со актуелните трендови и кога е кројот и кога е бојата во прашање.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by tportal.hr (@tportal.hr) onFeb 18, 2020 at 4:15am PST

 Модни додатоци, освен впечатливиот дизајнерски на раката изостануваат, а изборот на обувки се салонки во црна нијанса.

Како ви се допаѓа вам изборот?

 

 

Објавено:
19 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.245 пати