Романтичниот и врнежлив Лондон, приреди навистина кралски пречек за сите модни вљубеници, како што впрочем и доликува на една кралска престолнина. Лондонската модна недела официјално заврши вчера, а овие неколку дена додека беше во фокусот на сите медуими, бевме сведоци на навистина инспиративни и трендовски модни изгледи, невообичаени дизајнерски креации и први редови кои беа вистински мелем за очи. Ѕвезди од калибарот на Кејт Мос, Кендал Џенер, Оливија Палермо, Бредли Купер, Наоми Харис, Ана Винтур, беа само дел од оние кои дојдоа да ги испочитуваат дизајнерите, да се прошетаат низ метрополата и да видат кои трендови ќе ја одбележат наредната студена сезона.
За најчест посетител на модните ревии ги прогласуваме модната трендсетерка Оливија Палермо, миленичката на Карл Лагерфелд, манекенката која инстантно се проби во модните кругови, Кара Делевињ и уште една модна икона која плени со својата појава, Дејзи Лов.
За сите љубопитни и модни „фанатици“ еве кои ликови ја одбележаа Лондонската модна недела: