Ретро фиока Џуди Денч: Легендарна филмска икона со која Англија се гордее

26 септември 2014

Англиската актерка Џуди Денч на британската филмска сцена е позната уште од далечната 1957 година кога како актерка и пејачка се појавува во театарските улоги на Офелија во Хамлет, Јулија во Ромео и Јулија, како и водечката улога на мјузиклот „Кабаре“ од 1968 година. Во следните две декади таа доби статус на брилијантна актерка од Националниот британски театар. Од поновото време Џуди Денч е позната најмногу по улогата на М во легендарното филмско остварување „Тајниот агент оо7“, улога која ја игра се до 2012 година.

 

Во тоа време, Денч беше номинирана и за Оскар од улогата на кралицата Викторија во филмот „Mrs. Brown“, а истата година ја доби и наградата за најдобра споредна улога од остварувањето „Snakespeare in Love“, следуваа уште шест номинации за Оскар за исто толку филмски дела. Инаку, во Англија таа разви репутација на една од најдобрите актерки од пост воениот период, благодарение на богатиот филмски опус за кој има доста да се пишува.

 

Кога би направиле дефиниција на нејзиниот стил отсекогаш бил беспрекорен, а медиумите често знаат да и го дадат епитетот на моден камелеон како за професионалниот имиџ така и за приватниот. Како помлада најмногу ја карактеризира фризурата со кратки шишки, за подоцна нејзин заштитен знак да стане кратката фризура во платинесто сребрена нијанса која ја има и денес на 79 годишна возраст.

 

Во однос пак’ на гардеробата што ја преферира таа секогаш е во рамките на едноставната елеганција и аристократскиот пачат кој го остава. Денч ги обожава класичните сакоа, смирените кроеви од долгите фустани во монохроматска варијанта, а речиси секогаш на себе има некој долг кафтан или марама вметната од комбинацијата на интересен начин.

Како парчињата облека така и накитот е минималистички и често стајлингот го заокружува со некој дискретен ѓердан или воопшто не комбинира ништо, оставајќи парчињата облека да го имаат главниот збор од визуелната слика. Во продолжение погледнете ја галеријата од која можеби на фотографиите од нејзините почетоци баш и нема да ја препознаете.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Сцена