85-годишната Џуди Денч е највозрасната ѕвезда која некогаш била на насловната на „Вог“

5 мај 2020

85-годишната оскаровка Џуди Денч е на насловната страна на јунското издание на британскиот „Вог", со што таа е највозрасната ѕвезда која некогаш била во оваа улога, а со тоа овој број на магазинот станува историски.

„Не можам да ви опишам колку сум задоволен што Џуди Денч, кралицата на сцената и на големото платно, за прв пат е на насловната на Вог и тоа на 85-годишна возраст. Во деветтата деценија од нејзиниот живот, таа е една од најпознатите актерки од нејзината генерација, вистинско национално богатство и сè уште е значајна фигура на холивудската А-листа", вели во своето излагање, уредникот на британскиот „Вог", Едвард Енинфул.

За насловната, почитуваната актерка пред почетокот на карантинот, во нејзинот дом ја фотографираше Ник Најт, а е стилизирана во флорален мантил од Долче и Габана. Низ содржината во интервјуто, читателите ќе прочитаат интересни приказни и факти, меѓу кои и дека својата прва тетоважа ја ставила на 81. година.

Претходно, рекордот за највозрасна личност фотографирана за насловната на британски „Вог“, го држеше Џејн Фонда на 81-на годишна возраст за изданiето кое излезе во април 2019.

Фото: Vogue 

 

Објавено:
5 мај 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
874 пати