Роксанда Илинчиќ повторно ја облече Војвотката од Кембриџ

16 април 2014

Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и малиот Џорџ Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и малиот Џорџ

Војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон вчера,  заедно со сопругот принцот Вилијам и нивното синче, малиот Џорџ, слетаа во Сиднеј. Како и вообичаено сите погледи беа вперени во преубавата Кејт, која на себе носеше фантастичен фустан во жолтеникаво-златна нијанса.

Кејт Мидлтон, принцот Вилијам Кејт Мидлтон, принцот Вилијам

Австралија е позната како сончева земја, па по тој повод, Кејт одлучи да се појави во софистициран фустан во боја на жолто злато, дело на белградската дизајнерка Роксанда Илинчиќ. Ова не е прв пат војводката да носи креација на Роксанда. Имено, за приемот во Кралската Академија за уметности и за нејзината посета во Лос Анџелес, Кејт носеше сивкаст стилизиран фустан, потпишан од белградската дизајнерка.

Кејт Мидлтон Кејт Мидлтон

И покрај тоа што нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и рекол дека личи на банана, сепак Кејт одлучи да го носи ова дизајнерско парче кое е дел од пролетната колекција на дизајнерката, инспирирана од уметничкиот опус на бразилскиот уметник Hélio Oiticica. Строгата линија на дизајнот создава прекрасна силуета што совршено се вклопува со стилот и изгледот на војводката.

Саманта Камерун и Мишел Обама Саманта Камерун и Мишел Обама

Првите дами на Велика Британија и Америка, Саманта Камерун и Мишел Обама, се големи фанови на креациите на дизајнерката и мошне често нејзиниот моден израз е дел од нивните секојдневни појавувања. Принцезата Беатрис , како и холивудските диви Гвинет Палтроу, Пенелоп Круз, Кеира Најтли и Ема Стоун се дел од ѕвездите кои обожаваат да ги носат елегантните парчиња на оваа дизајнерка.

Ема Стоун, Принцезата Беатрис, Кеира Најтли, Пенелопе Круз и Гвинет Палтроу Ема Стоун, Принцезата Беатрис, Кеира Најтли, Пенелопе Круз и Гвинет Палтроу

Роксанда Илинчиќ Роксанда Илинчиќ

 

Објавено:
16 април 2014
Категорија: 
Сцена