Роси Ханингтон во софистицирано секси издание

19 јуни 2018

Магазинот „Bussines of Fashion“ вчера одржа самит на кој присуствуваа познати личности. Меѓу нив беше и моделот Роси Ханингтон Вајтли (31) која го привлече вниманието со својот изглед.

Таа се појави во бело одело, но оваа навидум веќе видена комбинација беше впечатлива поради горниот дел. Палтото, кое е инаку креација на Габриела Харс е со откриени раменици и мал V-израз во предниот дел. 

Со оваа комбинација Роси покажа како може да се изгледа елегантно, софистицирано, а секси.

Белото одело го искомбинира со бели сандали со ремчиња, а косата е лежерно собрана.

Инаку, на самитот се појавија и Ким Кардашијан и Крис Џенер, кои земаа учество. Ким зборуваше за нејзиниот успех во козметичката индустрија, а го најави и отворањето на поп-ап продавница со нејзината козметика, што треба да се случи наскоро. 

Белата боја доминираше меѓу присутните, кога е изгледот во прашање, па во продолжение погледнете како изгледаа дел од нив.

Џенифер Мејер

Рејчерл Зои

Рејчерл Зои

 

Објавено:
19 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
213 пати
Извор: 
daily mail