Кога единствената Џенифер Лопез ќе биде одбрана за водителка на една ваква манифестација, повеќе од сигурно е дека ќе бидеме сведоци на вечер со многу секси креации.

Токму така беше и вчеравечер во Микрософт театарот во Лос Анџелес кога таа го најави почетокот на Американските музички награди во секси костими со енергичен настап во кој играше на сите хитови што ја одбележаа минатата година.

Прекрасната 46 – годишна актерка и пејачка вечерта смени околу десетина стајлинзи, составени од најубавите креации на светските дизајнери меѓу кои и Балман и нејзиниот омилен Зухаир Мурад.

Подеднакво секси беше и Селена Гомез која се појави во интересна креација во црвена боја со длабоко отворен грб и едноставна шминка и фризура.

Таа настапи и на сцената на АМА 2015, во уште посекси креација, составена од килоти со висок струк, градник и светкава мрежа одозгора.

На црвениот килим можевме да ги видиме и сестрите Кендал и Кајли Џенер и нивната пријателка Џиџи Хадид, а секоја од нив, сосема нормално, се одлучи за креации што откриваа голем дел од нивното тело.

Вистинска убавица беше младата и ултра талентирана пејачка Зендаја која се одлучи за кусо романтично фустанче во розова боја, комбинирано со високи стилски потпетици во розова нијанса.

Еден од најемотивните моменти на вечерта беше изведбата на прекрасната Селин Дион на песната „Hymne a l'Amour“ на Едит Пјаф со која им одаде чест на жртвите од неодамнешниот инцидент во Париз.

Што се однесува до наградите, апсолутни победници беа Тејлор Свифт, The Weeknd, Ариана Гранде, Џастин Бибер, а омилените One Direction си заминаа дома со главната награда за најдобар артисти на годината.

Во галеријата погоре, погледнете ги сите стајлинзи на вашите омилени ѕвезди од музичкиот свет.

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.076 пати