Долгоочекуваното крунисување на принцот Фелипе во крал на Шпанија се случи вчера во свечена атмосфера без претерувања во прекрасниот Мадрид.
Крунисувањето се одржа во присуство на шпанското најпознато семејство, а дефинитивно најголем впечаток од сите на церемонијата покрај нивната мајка кралицата Летисија Ортис Рокасолано, оставија прекрасните мали принцези Леонор и Софиа кои на настанот се појавија во слични пастелни фустанчиња во комбинација со слатки балетанки.
Како и секогаш, така и овојпат, нивната мајка, кралицата на Шпанија Летисија, изгледаше беспрекорно во белата комбинација за која таа се одлучи за денот на крунисувањето.
Кралицата Летисија, 41, беше вистинско олицетворение на женска елеганција во бел тесен фустан до колена со прекрасно палто во иста боја што го носеше одозгора со интересни детали во пределот на вратот. Кралицата се одлучи за софистицирани и подеднакво елегантни потпетици во беж боја што одлично и прилегаа со целата комбинација.
Ова беше само уште една во низата на беспрекорни комбинации на шпанската кралица Летисија. Многумина ја нарекуваат новата кралица на стилот и вистинска модна икона, со оглед на тоа што таа е буквално непогрешлива кога станува збор за комбинации за јавни појавувања. Нејзините омилени аксесоари се марамите, а таа ужива и да се облекува во светли и пастелни бои.
Со оглед на тоа што ова е само нејзиниот почеток и сигурни сме дека за неа ќе пишуваме уште многу, во продолжение погледнете некои од нејзините најдобри комбинации, но и прочитајте 10 интересни факти за стилската кралица на Шпанија за која допрва ќе се зборува!
1.Летисија била новинарка и ТВ презентерка – Пред да се омажи за принцот Фелипе, кралицата Летисија била една од најдобрите шпански новинарки и ТВ презентерки на една од најгледаните шпански телевизии.
2.Пред да се омажи за принцот Фелипе, таа кратко била мажена со професор по литература, но по една година се развела.
3.Летисија има две ќерки со принцот Фелипе – Леонор и Софија родени во 2005 и 2007 година. Таа секој ден ги носи своите ќерки на училиште.
4.Кралицата Летисија воопшто нема аристократско потекло – таа потекнува од сосема обично, работничко семејство, нејзиниот татко бил новинар, а мајката медицинска сестра.
5.Летисија и принцот Фелипе се сретнале кога таа пишувала една сторија за излевање на нафта во северна Шпанија во 2002 година, каде тој се појавил во име на кралското семејство. Романтично, нели!?
6.Нивната свадба ја гледаа вкупно 25 милиони луѓе ширум светот, а церемонијата се одржа во катедралата Алмудена во Мадрид.
7.Нејзиниот невестински фустан имаше „опашка“ долга цели 15 метри!
8.Кралицата Летисија е вљубеник во уличниот стил, слично како и Кетрин Мидлтон со која што многумина всушност и ја споредуваат. Таа е заљубена во парчињата на Зара и Манго.
9.Таа присуствуваше на кралската свадба на деценијата кога Кетрин Мидлтон стапи во брак со принцот Вилијам, заедно со нејзиниот сопруг Фелипе и неговата мајка, кралицата Софија.
10.Кралицата Летисија била на вкупно 73 патувања со нејзиниот сопруг во 38 различни земји во светот.
Прекрасна е, зарем не!?