Кралицата Летиција од Шпанија е една од најдобро стилизираните дами во светот. Нејзината префинета естетика е инспирација за многу жени.
Летиција Ортис Рокасолано, е родена во семејство од средна класа, а пред да стане член на кралското семејство работеше како новинар.
Јавноста ја знае уште пред да ја добие титулата, и важи за една од омилените ликови во Шпанија.
Од 2004 е во брак со кралот Фелипе VI, а заедно имаат и две ќерки Леонор и Софија.
Сепак Летиција не наиде на големо прифаќање од кралското семејство, со оглед на фактот дека веќе има еден брак зад неа.
Таа беше омилена кај народот и токму нејзината харизма придонесе за повторна популаризација на шпанското кралско семејство.
Во однос на стилот, таа негува префинета елеганција, а честопати ја гледаме и во посекојдневни варијанти кога не е на должност.
Монохроматските комбинации и се омилени, но знае да се појави и во стајлинг со дезен.
Денес во чест на нејзиниот 51 роденден издвојуваме неколку прекрасни изданија од неа.
Фото:Pinterest