Што ја расплака Елен Деџенерис?

23 ноември 2016

Претседателот на САД Барак Обама вчерачевер ги додели Претседателските медали на слободата како највисока почит доделена на цивили.

Истите беа доделени на некои од најголемите артисти, научници и спортисти меѓу кои и Том Хенкс, Елен Деџенерис, Дајана Рос, Брус Спрингстин и Мајкл Џордан.

Ова е последен пат претседателот Обама да ја води церемонијата за која кажа дека годинава е навистина посебна со оглед на тоа што медалите беа доделени на навистина „добра класа луѓе“.

„Една од причините зашто овие настани се специјални за мене е тоа што секој еден од присутните на сцената вечерва ме допрел на посебен, навистина моќен начин. Ова се луѓето кои ми помогнаа да станам она што сум денес“, рече Обама.

Опишувајќи го Том Хенкс како „татко на Америка“, Обама изјави дека актерот секогаш ги чувал најдобрите улоги за во реалниот живот.

„Тој е навистина добар човек што е најдобрата титула што некој може да ја има“, изјави Обама на церемонијата.

Меѓу другите актери на кои им беа доделени Медалите на слободата беа и Роберт де Ниро за кој Обама кажа дека неговиот најголем подарок е неговиот сензибилитет на посебен начин да ја долови секоја улога.

Највозбудена и најемотивна се чини беше Елен Деџенерис за која Обама рече дека ја ризикувала нејзината кариера со тоа што во 1997 – та јавно признала дека е геј.

Тој и се заблагодари за нејзината одлична работа, љубовта кон луѓето и сите хуманитарни проекти што ги прави низ годините на што таа не остана рамнодушна.

Меѓу почесните беше и кошаркарот Мајкл Џордан кој сосема заслужено го доби медалот за сето она што го направи во неговата кариера.

„Мајкл Џордан е дефиниција за некој толку добар во она што го прави, што многу добри спортисти и денеска се нарекуваат Мајкл Џордан на теренот. Тоа сите го знаат и го признаваат“, посочи тој.

Интересен беше и моментот кога претседателот Обама и го додели Медалот на музичката дива Дајана Рос чија прекрасна коса му предизвика проблеми при самиот чин.

Погледнете го целосното доделување на Медалите на слободата во видеото подолу.

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.597 пати