Неодамна беа објавени номинациите за Оскар и во истите и немаше некои изненадувања. Она што секако останува изненадување и предмет на интересирање на многумина е тоа што ќе облечат номинираните актерки на црвениот килим.
Голем број од модните критичари ширум светот веќе ги замислуваат познатите актерки во одредени тоалети од нивните омилени дизајнери.
Според многумина од нив, прекрасната Џенифер Лоренс ќе остави најголем впечаток појавувајќи се секако во тоалета од Диор во неколку бои.
Покрај неа, прекрасната Кејт Бланшет очекуваат да се појави во нежна и неверојатно романтична тоалета од колекцијата на Armani Prive која малку потсетува на венчаница.
Што се предвидува дека ќе облечат овие актерки и останатите номинирани во неколку категории за овогодинешните Оскари, погледнете во галеријата.