Сијара во жолт фустан на Матичевски

19 јули 2018

Во Лос Анџелес вчера се одржа годинашното издание на ESPY наградите за спортски достигнувања. Но, и покрај тоа што се работи за спортски награди, на настанот секогаш присуствуваат голем број познати личности од светскиот шоу-биз. 

Овој пат вниманието беше насочено кон пејачката Сијара. Таа се појави во жолт фустан, креација на дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски.

 

#CIARA @ciara @espysawardsig #maticevski Xx #killingit. #killingme

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski) onJul 18, 2018 at 6:25pm PDT

 

Нема потреба да се нагласува дека фустанот е минималистички, ја следи линијата на телото, а она што го прави посебно интересен е асиметричноста.

Од десната страна има и шлиц, кој го олеснува чекорењето, а Сијара одлучи да ја искомбинира оваа креација со транспарентни сандали со сребрено-златни украси.

Високо собрано опавче е изборот на фризура и дискретни обетки, кога е накитот во прашање.

Како вам ви се допаѓа изборот на Сијара?

 

фото извор: popsugar.com; dailymail.co.uk; 

Објавено:
19 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
849 пати