Синди Крафорд провокативна и заводлива на 47 годишна возраст

15 ноември 2013

Таа е една од најпопуларните светски топ модели што својата манекенска кариера ја има веќе три децении, сега на 47 годишна возраст Крафорд и понатаму плени со својот изглед. На најновите фотографии изработени за магазинот V, Синди позира топлес само со мото јакна и чизми на себе, во друштво на младиот манекен Климент Чабернут. Во интервјуто за истиот магазин топ моделот говори за најдрагите мигови од кариерата.

-Сфатив дека припаѓам во категоријата супер модел кога на ревија на Версаче во 1990 година настапував заедно со Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон. Работевме и спот за песната на Џорџ Мајкл, Freedom, каде заедно позиравме рака под рака. Тоа беа незаборавни моменти од мојата кариера, вели Крафорд.

Крафорд на писта во 1990 година Крафорд на писта во 1990 година

Во продолжение погледнете го видеото од фотографирањето на последната фото сесија на провокативната Синди.

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Сцена