Синоним за совршенство – Ел Мекферсон

16 декември 2014

Таа е позната по тоа што држи рекорд за пет насловни страни на магазинот Sports Illustrated започнувајќи од 1980 година, кои и го донесоа статусот „The Body“. Покрај лансирањето на долна облека и продукти за нега на кожата, во 2010 година беше продуцент на Brian & Ireland’s Next Top Model, а моментално е продуцент на Fashion Star, шоу чиј водител беше токму таа во првата сезона.

Интересен е начинот на кој Мекферсон ја започнала кариерата на модел. Бидејќи била запишана на правни студии на Универзитет во Сиднеј по завршувањето на првата година, заминува во САД да работи како модел со цел да обезбеди пари за купување на книги, неопходни за студирање. Во Њујорк потпишува договор со Click Model Management и веќе во 1982 година ја снима првата тв реклама. Во 1986 година магазинот Time ја става Ел на насловната страна, а потоа следеа ковери за Cosmopolitan, Elle, GQ, Harper's Bazaar и Vogue. По појавувањето топлес во филмот „Sirens“ во 1994 година, Мекферсон сфаќа дека медиумите се заинтересирани за провокативни фотографии и токму затоа во мај истата година, позираше топлес за магазинот Плејбој. Во 2010 година се врати на модните писти и беше дел од ревијата на Луј Витон, за есенската колекција во Париз.

Бидејќи е позната како „The Body“, Ел има 20 годишна успешна манекенска кариера зад себе. Големиот број соработки придонесоа таа да прави различни транформации на изгледот во зависност како од модните трендови, така и според настаните на кои треба да се појави.  Познатиот супермодел изгледа апсолутно перфектно како во спортски, така и во лежерни и елегантни изданија. Иако има 50 години, сепак Ел Мекферсон е симбол за безвременска убавина, успешна деловна жена и дама која остава впечаток со секоја своја појава.

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Сцена