Среќен роденден Натали Портман: Најдобрите стилски комбинации на талентираната актерка!

9 јуни 2014

Една од најталентираните и најубавите актерки во светот Натали Портман денеска го прославува својот 33 – ти роденден.

Во нејзина чест, денеска решивме да се потсетиме на некои од нејзините најдобри стајлинзи, а такви знаеме дека ги има многу.

Убавицата од Харвард денеска е успешна актерка, мајка и сопруга на прекрасниот и шармантен француски балетан и кореограф Бенџамин Милпје со кого има едно дете.

Покрај тоа што е ултра талентирана актерка, таа е и многу забавна личност, а тоа можевме да го видиме и неодамна во неверојатно забавното и смешно рап видео на " target="_blank">Saturday Night Live.

Она што дополнително ја прави комплетна и уникатна актерка, се нејзините неверојатни трансформации на кои што многу често знае да подлегне за потребите на некоја улога.

Така, таа изгледаше неверојатно добро кога ја избричи главата за потребите на мистичниот V for Vendetta, но и беше вистинска убавица во „Црниот лебед“ за чии потреби вежбаше и повеќе од осум часа дневно во балетско студио, за што на крајот и доби Оскар.

Настрана од нејзината кариера како актерка, таа е и заштитно лице на модната куќа Диор уште од 2010 – тата година па сѐ до денеска и секогаш е дел од нивните најдобри кампањи во кои изгледа неверојатно.

Од неодамна, прекрасната актерка се пресели во Париз поради работата на нејзиниот сопруг кој што е дел од тамошната Опера и Балет. Нејзината агенда за ова лето уште од сега е исполнета, а веќе кон крајот на месецов, таа заедно со нејзините колеги Никол Кидман, Хју Грант и Хајден Кристенсен ќе биде дел од жирито на традиционалниот Шангајски филмски фестивал.

Следната голема улога за Натали е во филмот „Jane Got A Gun“, филм кој што таа самата го продуцираше, а во кој игра заедно со Иан Мекгрегор, а во 2015 се очекува и нејзиното режисерско деби под наслов „ A Tale of Love and Darkness“.

Во продолжение, погледнете некои од најдобрите стилски комбинации на Натали Портман која што дефинитивно може да ја прогласиме за кралица на лежерниот стил.

Среќен роденден Натали Портман!

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Сцена