Познатата актерка Џенифер Анистон, на својот Инстаграм профил, поточно инстаграм стори, објави фотографии од жени кои се на високи општествено политички позиции во светот.
Таа сакаше да го сврти вниманието кон тоа колку жените се важни за светот, особено денес и како тие го менуваат:
„Додека светот беше дефокусиран од бучавата на оние отпорни на промените, промените се случуваа. Охрабрете се жени и сменете го светот, е дел од пораката на Анистон.
Така, меѓу фотографиите што ги сподели се најде и српската премиерка Ана Брнабиќ, во друштво со Ангела Меркел, но и водечките жени на Шкотска, Норвешка, Словачка, Данска, како и премиерката на Нов Зеланд, Џастинда Ардем.
И, секако дека не беше заборавена ниту Камала Харис, како ниту младата активистка Грета Турнберг.