Стилските изгледи од роденденот на Fashionel

3 мај 2014

По поводот да се прослави и обележи првиот роденден на Fashionel, сите присутни вклучувајќи не и нас, секако се потрудија за забава на специјализиран медиум за мода,  да се појават во најдобрите стајлинзи компактни за ваков тип на настан.

Од содржината во продолжение, нашата идеја е  за сите оние што немаа можност да присуствуваат на роденденската забава, да ви ги прикажеме најинтересните и највпечатливи машки и женски стајлинзи што ги забележавме меѓу присутните гости, односно алудираме на најчесто применетите тренди или неконвенционални парчиња и спојот на истите, како и доминацијата на одредени бои и нијанси. Нема да акцентираме на добар и лош стајлинг, туку напротив на сите оние успешно споени тренди комбинации кои не можевме, а да не ги забележиме и прокоментираме. Вие ни честитавте за успешно изминатата година, а ние ќе ви возвратиме со модни комплименти за изгледот со кој не почестивте вечерта.

Цветен принт+ монохроматика

Дел од присутните девојки и жени на себе имаа успешни стајлинзи сочинети од монохроматски парчиња споени со  актуелниот цветен принт застапен на панталони во цигара крој, бремуди, кратки здолништа и кошули. Освен цветниот принт, забележавме и геометриски и апстрактни принтови. Генерално принт парчињата беа  од најчесто применетите.

 

Црно -бел минимализам

Сигурни дека нема да погрешат во изборот,  дел од гостите се одличија за црно-бели и целосно црни комбинации од кежуал и класични парчиња како машки така и женски аутфити. Црната боја никогаш не излегува од мода, затоа селекцијата на ваквите комбинации дефинитивно беше полн погодок.

 

Момците преферираа костим елеганција

Ретки беа оние припадници на посилниот пол што не се одлучија за елегантна класична комбинација, па така костимите беа заштитен знак за мажите од роденденот на Fashionel.

Индивидуални и уникатни

Додека едни се движат во селекција на парчиња кои се актуелен тренд, други се појавија во индивидуалистичко светло од уникатен спој на неконвенционални парчиња.

 

Џинс + едноставни кошули

Тесните цигара фармерки надополнети со едноставна кошула беа избор на неколку девојки кои изгледаа урбано и тренди.

 

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Сцена