Тајчи за болното минато: Ми се смееја и ме омаловажуваа!

30 март 2017

Нема кој не се сеќава на нејзиниот спектакуларен настап на Евровизија во 1990 – тата со песната „Hajde da ludujemo“ после која стана вистинска ѕвезда и надвор од Балканот.

Иако Тајчи редовно нѐ потсетува на добрите моменти од нејзината музичка кариера на социјалните мрежи, таа досега никогаш не говорела за тешките последици на славата.

Во една од последните објави на Фејсбук, Татјана Камерун Тајчи сподели еден настап од Македонија на кој ја пее песната „Кабала“ во која говори како е да се биде кукла.

„Имам 17 години на оваа снимка. Тоа беше еден настап во Македонија каде пеев на македонски јазик. Дојдов целосно подготвена со костим и кореографија што самата ги смислив и пеев за тоа како е да се биде кукла. Од една страна бев храбра, но од друга страна несигурна. Бев талентирана, вредна, убава, напорно работев и сонував големи соништа. Многу луѓе веруваа во мене, но имаше и многу кои ме потценуваа, ме омаловажуваа и ми се смееја. Јас бев млада и неискусна“, напиша Тајчи во објавата на Фејсбук.

Таа им се обрати на сите млади кои сега започнуваат со кариера, велејќи им да им простат на сите оние кои ќе ги повредат.

„Простете си и себеси што некогаш нема да бидете во можност да се заштитите. Сакајте се онакви какви што сте. Пораснете во личност, а не во кукла“, додаде пејачката.

Таа пишува и дека кога денеска го гледа видеото од настапот, јасно и е зошто толку многу сака да им помага на другите да ги излечат раните кои им ги нанеле другите.

„Горда сум на сѐ она низ што поминав во животот, бидејќи токму поради тоа не станав кукла, туку личност каква што сум денес“.

Тајчи, која денеска живее во Америка и е мажена со продуцентот Метју Камерун, ја напушти Хрватска во 1992 – ра година или во врвот на нејзината кариера.

Денеска, таа ја води емисијата „Будење во Америка“, пишува колумни за Хафингтон Пост, а од неодамна работи и со злоставувани жени во еден локален затвор во Нешвил.

Меѓу другото, таа се занимава и со духовна музика за која ќе каже дека многу ѝ помогнала во тешките моменти од нејзиниот живот.

Со сопругот Метју таа има три прекрасни синови, Блас, Данте и Еван.

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
7.228 пати