Тим Волкер ја раскажа магичната пролет на Ред Валентино

5 февруари 2014

 

Главниот сонувач и раскажувач на модни приказни, популарниот фотограф Тим Волкер, сними уште една магична приказна. Хероината во новата бајка на Ред Валентино за пролетната кампања е Натали Вестлинг.

 

 

Нежната манекенка облечена во транспарентните цветни мини фустани изгледаше како порцеланска кукла, која живее во својот стаклен замок полн со цвеќиња и сончевина. Се чини дека оваа црвенокоса убавица одлично ја стартуваше 2014 година. Покрај рекламната кампања за Ред Валентино, таа ќе се појави и во кампањите на Сен Лоран и Марк Џејкобс.

 

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Сцена