Топли нијанси и женствени комбинации се изборот на Оливија Палермо за оваа есен

29 октомври 2018

Модната миленичка и една од највлијателните блогерки со милиони следбеници на социјалните мрежи, Оливија Палермо, секогаш е инспиративна и речиси непогрешна кога е во прашање изборот на тренди комбинации.

Ако го следиме нејзиниот пример, тогаш оваа есен е облечена во женствена елеганција, а обоена во топли, земјени тонови.

На нејзината веб страна ќе најдете фотографии на кои таа носи комбинации во една од најактуелните бои за оваа сезона, загасито портокалова, но особен акцент оваа есен Оливија става на дводелните одела во различни варијанти: со кариран дезен, такви изработени од брокат или во беж и кафени тонови.

Елегантните дамски здолништа и фустани, независно од сезоните, секогаш биле нејзин избор, па така есенва може да забележиме дека плетените модели се меѓу нејзините фаворити.

Доза есенска инспирација споделуваме во галеријата подолу.

Фото извор: Инстаграм, официјална веб страна на Оливија Палермо

Објавено:
29 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.451 пати