Слоевитиот спој на облека што е карактеристичен за есента, нуди импресивен избор на комбинации во кој како задолжително парче за оваа сезона го препорачуваме макси бохо фустанот.
Земјените тонови што ќе ја обојат есенва, се главната заедничка финеса на хипи трендот кој останува доминантно присутен и само го продолжува своето влијание и од минатите сезони.
Долгите фустани најчесто изработени од лесни материјали, со странични шлицови, се со флорални или апстрактни принтови и како такви одлично се комбинираат со кратки џинс јакни, долги топли палта, плетени џемпери, па дури и со сакоа. Комплетниот бохо изглед е финиширан најчесто со чанта со реси, шешир, високи или мото чизми и многу накит.
Еве го нашиот избор на топ 10 бохо фустани за оваа есен.