Лето ве перфорирани фустани – романтично и удобно преку цела сезона

14 јуни 2023

Летните фустани со ситни отвори или „перфорирани" фустани, се интересен спој на романтика и функционалност.

Таквиот дизајн овозможува телото и кожата природно да „дишат" што во лето особено е добредојдено, а истовремено овој тип на фустани се женствени и сензуални па може да ги носите и за време на топлите летни денови и за навечер во поелегантни изданија, со високи потпетици.

Од белите памучни фустани со перфорирани флорални детали до плетените макси фустани со високи странични шлицови и песочно-бакарни нијанси, лепезата од модели и стилови е богата, а дел издвојуваме во галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
14 јуни 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
475 пати