Монохроматски комбинации во црно – безвременска елеганција

7 октомври 2017

Многупати сите сме добиле совет – ако не си сигурна што да облечеш, облечи црно. Безвременска, елегантна, шик и непогрешна – комбинацијата во црно од глава до пети е секогаш онаа сигурна варијанта која веројатно до сега ве спасила од ситуацијата „нема што да облечам".

За оваа монохроматска комбинација не постои сезона, па вообичаено и оваа есен многу често е избор на дамите со изострено естетско чувство.

Клучен момент да ја избегнете монотонијата, е да направите комбинации од различни текстури и дезени. Есенва особено се актуелни лакованите материјали, пердувите, плетивата, па имајте ги во предвид кога ги правите „all black" комбинациите.

Дополнителна инспирација имате во галеријата подолу.

 

 

Објавено:
7 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.877 пати