Кон средината на септември театрална ревија во режија на Марк Џејкобс ја затвори модната недела во Њујорк. Варијациите на темата: војнички униформи со кои моделите буквално маршираа на писта и не оставија никого рамнодушен.
И најпосле рекламната кампања за сезоната пролет – лето 2015 потпишана од Марк Џејкобс воопшто не ги разочара очекувањата на модните инсајдери и критичари. Стратегијата за „воениот напад“, успешно ја „улови“ фотографот Дејвид Симс, додека улогите на главните војници им беа доделени на Кендал Џенер, Џоан Смолс и Карли Клос. Девојките успешно ги одбранија боите на брендот носејќи идентични црни разбушавени перики, воени униформи, кратки панталони, кломпи, едноставни фустани со појас на половината, декорирани со масивни нитни во бакарни нијанси и темни бои.
Дизајнерот се надева дека сите дами се подготвени да се приклучат кон оваа воена формација.