Уникатните и мудри музи за 2014 година

18 октомври 2014

Во последно време, актуелни се постарите жени бидејќи привлекуваат внимание со својот специфичен и несекојдневен стил. Иако годините се оцртале на нивното лице, сепак негуваат стил од кој помладите трендсетери може само да учат. Една од нив е фасцинантната, позната дизајнерка за ентериери, Ирис Апфел, која иако има 93 години стана заштитно лице на  & Other Stories, а интересно е да се знае дека парчињата кои ги презентирала Ирис се продадени. Линда Родин има 66 години и до сега била сликана за Американски Вог, има соработувано со  J. Crew, Керен Волкер и за брендот на сестрите Олсен – The Row. Иако одамна заврши со манекенката кариера, оваа есен магазинот Style Report и посвети цели четири страни на Линда, која обожава да носи фармерки од Левис. Слично на неа, 75 годишната Костанца Пасколато, италијанско – бразилскиот консултант која е хит меѓу модните блогери, најчесто одбира парчиња кои би можела да ги комбинира со фармерките.

Овие дами растеле во време кога постоела голема дисциплина и негување на уникатноста, односно слепо не следеле правила за тоа како треба да изгледаат и да носат. Доказ за тоа се овие три уникатни музи кои оставиле печат со својата несекојдневна појава, специфичен стил и начин на однесување. Исто така, големиот број социјални мрежи и лесната достапност до информации овозможи ваквите дами полесно да бидат забележани од модни брендови и магазини.

 

Годините, односно староста со себе носи и мудрост, а Ирис, Линда и Костанца ги споделија следните совети:

- Косата секогаш треба да ви биде средена

- Не следете слепо модни правила и ограничувања според години. Костанца Пасколато иако има 75 години,  секое утро нанесува туш за очи како вистински уметник.

- Следете ги правилата за телесната конституција

- Направете баланс на боите. Не носете постојано дречливи нијанси, но не се затворајте во црна боја, наместо тоа одберете морнарско сина.

-Одерете добар накит и очила. Тие може да бидат вашиот знак на препознавање.

- Пронајдете нијанса на кармин која ќе ви одговара.

- Ризикувајте

- Не се обидувајте да изгледате помладо, туку подобро од претходно

- Носете тексас

Објавено:
18 октомври 2014
Категорија: 
Сцена