Возраста и искуството се главен адут на Клаудија Шифер во едиторијал за германски магазин

17 септември 2014

Русокосата германска убавица, Клаудија Шифер им парира на своите помлади колешки од секој аспект: возраста и искуството се нејзин дополнителен адут и доказ дека убавината на жената не ги признава возрасните граници.

Последен проект за кој таа е ангажирана е едиторијал за септемвриското издание на германскиот  SZ Magazin, каде Клаудија ја донесува енергијата на рок дива во парчиња од зимските колекции на Луј Витон, Балман и други светски брендови.

Таа е подеднакво женствена и во широки бели панталони и предимензионирано палто со пердуви и во тесен фустан на Балман што ја следи линијата на нејзината перфектна силуета.

 

 

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Сцена