Знаете ли чиј брат е ова момче?

26 септември 2015

Нема да згрешиме ако кажеме дека семејството Хадид е модно семејство. Откако Џиџи и Бела Хадид се вивнаа меѓу најпознатите и најплатени модели, и нивниот брат Енвор Хадид се впушти во светот на моделингот.

Меѓу неговите први појавување е и ова во октомвриското издание на Nylon, каде има и мини интервју, а патем се појавува и Бела, но не на иста страница.

-Моето семејство е мојата основа. Сестрите ми се прекрасни. Веројатно ќе ме научат сè што е потребно да знам за девојките – вели најмалиот Хадид.

Тој открива и дека неговата мајка Јоланда го научила секогаш да се однесува со манири.

-Мајка ми е мошне либерална, но истовремено и „старомодна“, традиционална кога се работи за манири. Таа ме научи секогаш другите да ги третирам со почит и да бидам љубезен – открива Енвор.

И покрај тоа што има од кого да учи, сепак, 16-годишното момче има и други планови. На прашањето како се замислува за 10 години, Енвор одговорил дека планира да оди на колеџ и да се насочи кон патот што ќе му открие која е вистинската кариера за него. Сепак, како вели 10 години се многу голем период за било што да се замислува.

Енвор со сестрите

Инаку, јавноста за првпат го запозна Енвор минатиот ноември кога ѝ беше придружба на Џиџи Хадид на црвениот килим на Американските музички награди.

Останува да се види дали ова момче ќе го има своето деби на писта и ќе го следи успехот на неговите сестри, или ќе остане хоби, на патот кон остварување на другите планови.

Објавено:
26 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.579 пати