Сестрите Хадид голи и премногу фотошопирани за Вог

30 јануари 2018

Познатите манекенки, сестрите Бела и Џиџи Хадид се фотографираа целосно голи за новото издание на британскиот Вог. Уметничките фотографии ги направи познатиот фотограф Стивен Мејсел, но покрај тоа што се работи за смело, односно голо издание на сестрите, уште еден друг момент што ја испровоцира јавноста да коментира, е тоа што при обработката на фотографиите премногу е користен фотошоп.

Во коментарите на Твитер има и такви кои велат дека сестрите, особено Бела, изгледаат непрепознатливо.
„Бела воопшто не личи на себе", се вели во еден од коментарите на Твитер.

Дури имаше и такви коментари во кои сестрите беа споредени со Кардашијан.

„Хадид се новите Кардашијан", напиша познатиот блогер Перез Хилтон.

Ваквите негативни реакции доаѓаат и по низата мерки и рестрикции што се преземаат со цел да се намали користењето на фотошоп и радикалната обработка на фотографиите, што пак од друга страна имаат големо влијание врз перцепцијата за себе, особено кај младите луѓе и нивната самодоверба.

Објавено:
30 јануари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.399 пати