Меј Маск (71) во фантастична зимска комбинација

13 јануари 2020

Мајката на американскиот милијардер Илон Маск, 71-годишната Меј, секогаш е инспиративна генерално со својот животен стил, а особено со посветеноста на модниот имиџ.

Неодамна за едно телевизиско интервју, таа се појави во ултра модерна, колоритна комбинација која особено на дамите 50+ ќе им послужи како инспирација како да внесат боја во својот зимски имиџ.

Се работи за макси плетен фустан во спој со наметка, и двете парчиња со ист дезен во комбинација на црна и розова боја, во суптилен А крој што соодветно прилега на различна телесна конституција.

Токму затоа овој изглед на екстравагантната дама го издвојуваме како одличен стилски пример за зимските денови.

Фото: Инстаграм

 

 

Објавено:
13 јануари 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
868 пати
Тагови: 
Меј Маск