Не само што со своите 69 години е сè уште активна како модел, туку е и неверојатно атрактивна за светските модни брендови што често ја ангажираат во своите кампањи.
За Меј Маск до сега сме пишувале многупати затоа што е неисцрпен извор на стилска инспирација, што особено е мотивирачка за жените во средната доба од својот живот. Меј е вистинска икона на стилот која безброј пати покажала како знае да се носи со своите години кои се само причина плус да биде уште посигурна во својот стилски став.
Во својот избор на облека секогаш е храбра и одлучна, не секогаш оди на сигурни варијанти, туку знае да направи и еклектичен спој што откако ќе го прикаже на себе, сите го обожуваат.
Одвоивме дел од нејзините највпечатливи комбинации објавени на нејзиниот профил на Инстагарм @mayemusk.
Фото извор: @mayemusk