20 најинспиративни монохроматски комбинации за 2022

21 јуни 2022

Уште од периодот кога големите модни брендови како Gucci и Loewe ги вратија монохроматските комбинации во мода во 2016 година, се чини дека овој тренд не само што не замре, туку напротив, расте.

Минатата година, иако не стануваше збор за некаков моден „бум", со своите комбинации кои вклучуваа парчиња облека во една иста боја, модните дизајнери воспоставија одреден стандард кој веќе од самиот старт на 2022 се следи со полна пареа.

Иако најчесто се слуша за правилно комбинирање на бои, нијанси и дезени, монохроматскиот тренд, колку и да делува тежок, предизвикувачки, дури и застрашувачки за изведување, всушност дава огромна слобода и нуди можност за експериментирање со други важни елементи, како текстурата и слоевите.

Па, доколку сакате да се обидете да играте со модни парчиња и детали во иста боја, но сте претпазливи и не знаете како тоа би изгледало на вас, погледнете ги овие примери кои ќе ве охрабрат и мотивираат да пробате нешто ново оваа година.

Објавено:
21 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
544 пати